Руд неизвесен, кој ќе го води Лестер во Чемпионшип?

Руд ван Нистелрој оваа недела има закажан состанок со раководството на англискиот фудбалски клуб Лестер Сити, но се очекува да остане на својата позиција до крајот на сезоната во Премиер лигата, пренесува „Скај Спортс“.

После тоа, сепак, иднината на Холанѓанецот е нејасна, бидејќи двете страни не се подготвени да соработуваат во втората лига.

Според „Скај Спортс“, Лестер има листа на кандидати за менаџерската позиција, а на неа водечки имиња се Ли Карсли, Дени Рол и Расел Мартин.

Лестер нема да сака да го отпушти Ван Нистелрој на крајот на јуни бидејќи ќе се соочи со тешкотии со финансискиот фер-плеј. Тимот ги отплаќа и договорите на Стив Купер и неговите тројца помошници, кои добија отказ во ноември. Договорот на Ван Нистелрој е до 2027 година, а ќе треба да му биде платено обештетување.

Лестер испадна од Премиер лигата откако изминатиот викенд загуби од Ливерпул со 0-1, а напаѓачот Џејми Варди ја опиша сезоната како „срамна“.