Мбапе ќе го скокне дуелот со Хетафе

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе нема да игра на гостувањето кај Хетафе од 33.коло на Ла Лига. Претходно беше објавено дека Мбапе се здобил со повреда на скочниот зглоб.

Французинот го пропушти неодамнешниот натпревар од Ла Лига против Атлетик Билбао (1:0) поради исклучување на претходниот натпревар, а на тоа му дојде плус и повредата. Се очекуваше 26-годишниот играч да се врати на теренот за претстојниот натпревар против Хетафе во среда, 23 април, но се чини дека Карло Анчелоти нема да ризикува со напаѓачот пред финалето на Купот на Кралот против Барселона.

Мбапе оваа сезона одигра 50 натпревари во сите натпреварувања и постигна 33 гола и имаше пет асистенции. Актуелниот договор на играчот со клубот е до летото 2029 година.