ПСЖ непоразен на 39 натпревари, го собори рекордот на Милан

ПСЖ има 39 натпревари по ред без пораз на гости (30 победи, 9 нерешени), надминувајќи го рекордот на Милан поставен во 1993 година. Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, го оцени рекордот на тимот за најдолга серија без пораз на гостински терен во историјата на најдобрите 5 европски лиги.
Парижаните вчеравечер ремизираа со Нант (1:1) во одложеното 29. коло од францускиот шампионат.
ПСЖ има 39 натпревари по ред без пораз на гости (30 победи, 9 нерешени), надминувајќи го рекордот на Милан поставен во 1993 година.
„Да се собори рекордот на Милан е посебно чувство, тоа е неверојатно. Оваа серија започна со Кристоф Галтие, па респект и за неговата работа. Сè е одлично, освен денешниот резултат, сакавме да победиме“, изјави Гвардиола..
ПСЖ оваа сезона предвреме стана шампион на Франција. На четири кола до крајот на турнирот, тимот е на првото место во Лига 1 со 78 бодови.