„Најдобриот играч на светот во неговата позиција“ – Тони Крос го пофали Педри

Како
што најави Мундо Депортиво, Германецот го пофалил Педри за неговото уникатно
влијание врз играта:
„Педри е
играч чије отсуство може да се забележи кога не е на теренот. Тој не постигнува
само голови или асистенции, тој нуди решенија. Да се победи противникот не
мора секогаш да биде со додавање, но Педри е еден од ретките играчи од средниот
ред кој има дарба да ги дрибла
противниците во тесни простори“.
„Тој е речиси
поважен од Ламин Јамал, Рафиња или Левандовски. Тие се оние кои ги одлучуваат
натпреварите, но Педри им го овозможува тоа, Педри во моментот е најдобриот
играч во светот на неговата позиција, според мене“.
Поранешната
ѕвезда на Реал Мадрид, исто така го сподели неговото искуство за соочувањето со
Педри: „Секогаш имав чувство дека не изгледа брз, но потоа почна да дрибла и си
помислив: „Па, барем нека направи грешка“, но дури и тоа не се случуваше. Тој
не е како Меси или други играчи кои јасно можете да видите дека се брзи. Педри
се движи со неверојатна брзина, но изгледа дека не е посебно брз, неговото
движење е многу чисто“.
Крајно, Крос даде
уште еден комплимент за каталанецот: „Обожавам играчи кои не само што го
подобруваат нивниот тим, туку и изгледаат елегантно и грациозно додека го
прават тоа, и тоа е она што навистина го издвојува“.