Микел Артета верува дека неговиот тим бил најдобар во Лигата на Шампионите оваа сезона

И покрај поразот во полуфиналето од Лигата на Шампионите, Микел Артета остана горд после разочарувачкиот резултат. Арсенал одпадна од турнирот во средата, губејќи со 2-1 од Пари Сен Жермен. Резултатот стави крај на надежта на „топчиите“ да стигнат до нивното прво финале во Лигата на Шампионите од 2006 година, но Артета цврсто веруваше дека неговиот тим бил најдобар во натпреварувањето оваа сезона.
„Кога ќе ги погледнете двата натпревари, нивниот најдобар играч на теренот беше голманот, тој беше разликата за нив. Бевме многу блиску, многу поблиску одколку што покажа резултатот, но за жал одпаднавме. Многу сум горд на играчите, 100% мислам дека нема подобар тим од Арсенал во конкуренцијата“, изјави Артета.
Откако пропушти пласман во финалето на Лигата на шампионите, Артета призна дека во соблекувалната на Арсенал имало многу емоции, а неколку играчи останале во солзи. Менаџерот на Топчиите призна дека бил „вознемирен и изнервиран“ што неговиот тим не можел да најде начин да го промени резултатот.
На прашањето дали го дели мислењето на Артета, менаџерот на ПСЖ, Луис Енрике не се согласува, инсистирајќи дека неговата екипа го заслужила своето место во финалето.
„Микел Артета е добар пријател, но јас воопшто не се согласувам. Играа на паметен начин, но во двата натпревари постигнавме повеќе голови од нив и тоа е најважното нешто во фудбалот“.