Алегри фаворит за тренер на Наполи ако Конте одлучи да си замине

Шпекулациите за заминувањето на Антонио Конте од клупата на Наполи го натераа претседателот на наполитанците, Де Лаурентис, активно да се вклучи во потрага по нов тренер. Според италијанските портали, Наполи може да го смени тренерот ова лето, па доколку тоа се случи прв на листата на посакувани замени за Конте е Масимилијано Алегри.
Претседателот Аурелио Де Лаурентис е во активен контакт со Алегри, со кого има одлични односи. „Наполитанците“ моментално се на чело на италијанското првенство пред Интер со три бода на три кола до крајот на сезоната и имаат реални шанси да ја освојат титулата. За Конте се шпекулира дека може да застане на чело на Јувентус.