Скара наместо парада за Манчестер Јунајтед доколку освои Лига Европа

Според „The Sun“, во Манчестер нема да има масовна прослава доколку Јунајтед излезе од финалето како победник. Место трофеј парада на улиците од Манчестер, газдите имаат во план да прослават со скара на Карингтон.
Јунајтед нема одржано трофеј парада откако Сер Алекс Фергусон се пензионираше по 13-тата премиерлигашка титула во 2013 година.
Веројатно е дека зафатениот распоред е делумно виновен за пригушените прослави, при што Јунајтед треба да се соочи со Астон Вила на нивниот последен натпревар во Премиер Лигата четири дена по соочувањето со Тотенхем, после ќе земе исцрпувачки 15-часовен лет до Азија на турнејата во Куала Лумпур и Хонг Конг на 28 и 30 мај.
Со оглед на тоа што Јунајтед седи толку ниско на англиската табела, Аморим сакаше да нагласи дека не мисли освојувањето на Лига Европа ќе ја „спаси“ хорор-сезоната што ја доживеа клубот.
„Сите знаат дека тоа е навистина важно за нашата сезона“, рече Аморим кон крајот на минатиот месец. „Знаеме дека ништо нема да ја спаси нашата сезона, но ова може да биде огромно.