Милан бара замена за Консеисао, Италиано фаворит од втор план

Тренерот на фудбалерите на Болоња, Винченцо Италијано, може да добие понуда да го преземе кормилото на Милан, наведува денеска „Газета дело Спорт“.
Познато е дека „росонерите“ на крајот на сезоната ќе се разделат со актуелниот кормилар – Серхио Консеисао.
Претходно за тренерското место во Милано се потенцираа и имињата на Маурицио Сари и Масимилијамо Алегри.