Јапонецот Митома ќе потпише за Баерн

Баерн Минхен не успеа да го убеди Флоријан Вирц да се пресели во Минхен и германскиот репрезентативец ја одбра понудата од Ливерпул, па баварскиот гигант веднаш активираше „план Б“.

Според најавите од Германија, Баерн ќе се обиде да го ангажира Каору Митома од Брајтон. Јапонскиот офанзивец е играч кој има силна поддршка од новиот тренер Винсент Компани, а претставува и многу поекономична опција – трансферот би се движел до 50 милиони евра, а платата му би била три пати пониска од понудата за Вирц.

Митома утре ќе го одигра последниот натпревар сезонава со Брајтон, по што се очекува Баерн да ги засили преговорите. Целта е јапонскиот репрезентативец да биде ставен на располагање за клупскиот Мундијал кој почнува во јуни.