Барса го освои третото место, пелистерци со два порази и големо искуство се враќаат од Дормаген

Ракометарите на Еурофарм Пелистер забележаа втпр пораз на „фајнал-фор“ турнирот во младинската Лига на шампиони. Во денешниот натпревар за третото место во Дормаген (Германија), битолчани загубија од Барселона со 55-28.
Алем Хаџиќ беше најсветла точка кај пелистерци со десет реализации, додека пет имаше Карло Буторац. Во таборот на Барселона „11 од 11“ имаше Карион, десет гола даде Мартин Дуке, а девет Сола Бастера.
Вчера пелистерци беа совладани од дански ГОГ Гудме со 36-21.
Младинската екипа на Еурофарм Пелистер и следната сезона ќе ја претставува Македонија во Лигата на шампионите.