Индијана издејствува мајсторка во НБА финалето

Кошаркарите на Индијана Пејсерс израмнија во финалето на НБА лигата на 3-3 и се изборија за „мајсторка“ која ќе одлучува за новиот шампион. На домашен терен против Оклахома Сити во финалето на плејофот, Индијана синоќа славеше убедливо со 108:91.
Најефикасен играч во тимот на Индијана беше Оби Топин со 20 поени, додека
Ендру Нембхард додаде 17 поени, а Паскал Сиакам имаше 16 поени и 13 скока.
Шеј Гилџес-Александер ја предводеше листата на стрелци кај Оклахома со 21 поен, а Џејлен Вилијамс додаде 16 поени.
Ова е првпат од 2016 година финалето на плејофот во НБА да има седми натпревар.