Петра Квитова ја завршува кариерата на крајот од годината

Двократната освојувачка на Вимблдон, 35-годишната чешка тенисерка Петра Квитова, објави дека ќе стави крај на кариерата по овогодинешниот Ју Ес Опен, што ќе се одржи од 24 август до 7 септември.
Квитова, која го освои Вимблдон во 2011 и 2014 година, освои 31 трофеи во кариерата.
Нејзиниот најдобар пласман во кариерата е второто место на ранг-листата на ВТА, но во моментов е рангирана на 572-то место.
Претходно оваа година, Квитова се врати на тенисот по 15-месечна пауза поради бременост и раѓањето на нејзиното дете, но таа победи само еднаш во седум настапи и реши да се посвети на своето семејство.