Јашари од Бриж голема желба на Алегри во Милан

Луѓето од Милан ќе мора да испратат подобрена понуда за фудбалерот од средниот ред на Бриж, Ардон Јашари, откако белгискиот состав одби 27 милиони евра и дополнителни три како бонуси.
22-годишниот швајцарски репрезентативец во измината сезона одигра 52 натпревари со ефект од 4 гола и 6 асистенции.
Според последните наводи, „росонерите“ може да ја зголемат сумата до максимални 32 милиони иако Бриж сака да добие 35.