Ѓорѓев ја замени Швајцарија со Португалија и потпиша за Фарензе

Македонскиот фудбалски интернационалец, Никола Ѓорѓев има нов клуб и во иднина ќе настапува во Португалија.

Офанзивецот скоро низ целата своја кариера настапува во Швајцарија или поточно мал исклучок беше кратката епизода во холандски Твенте.

Сега тој ќе го носи „црно-белиот“ на Фаренсе, клуб кој е формиран 1910 година.

-Португалскиот фудбал отсекогаш бил атрактивен за мене и сега сакам да се покажам. Горд сум и благодарен што ќе носам дрес на ваков историски клуб, -порача Ѓорѓев кој во последната кампања за Арау постигна 7 гола и запиша 12 асистенции.