Рома не го дава Свилар, Белгиецот ќе добие долг договор

Миле Свилар кој беше прогласен за најдобар голман во Серија „А“ за претходната фудбалска сезона, ќе го продолжи договорот со Рома, објавија медиумите во Италија.

Србинот кој има активен договор до 30 јуни во 2027, сега ќе потпише нова соработка за вкупно осум години.

Свилар во 51 натпревар во сите конкуренции прими 51 гол а на 19 мечеви ја зачува мрежата недопрена.