Баерн го има Рашфорд на мета во процесот на реорганизација

Баерн Минхен изненадувачки се појави како сериозен кандидат за потпис на Маркус Рашфорд, напаѓачот на Манчестер Јунајтед кој падна во немилост на Олд Трафорд. По позајмицата во Астон Вила во втората половина од минатата сезона, Рашфорд се врати во Јунајтед, но не е дел од плановите на менаџерот Рубен Аморим.
Бундеслигашите бараат ново крило по заминувањето на Лерој Сане, а Рашфорд совршено одговара на нивниот профил. Англискиот интернационалец е способен да игра како лево крило, но и како централен напаѓач, што го прави привлечна опција за Баерн.
Решфорд имаше солидна позајмица во Вила со 4 гола и 5 асистенции на 17 настапи, но клубот одби да ја активира опцијата за купување од 40 милиони фунти. Со три години преостанати од договорот со Јунајтед, клубот сака да го продаде ова лето за да го намали платниот буџет и да го реконструира тимот.
Самиот играч е отворен за трансфер во странство, приоритет му се клубови каде што може да се бори за титули. Иако Барселона му е прв избор, интересот на Баерн е сериозна алтернатива, особено со можноста за соработка со англискиот соиграч Хери Кејн.