Јуве го сака Ендрик на местото на Влаховиќ

Јувентус размислува да го ангажира на позајмица младиот напаѓач на Реал Мадрид, Ендрик Фелипе, тврди „Тутоспорт“.
18-годишникот во претходната сезона започна само еднаш во 22 натпревари во Ла Лига. Тој имаше забележителни настапи во Купот на кралот и постигна 5 голови на шест мечеви.
Во исто време, Душан Влаховиќ, дефинитивно нема да го продолжи договорот со екипата од Торино.