Сакраменто потпиша со Денис Шрудер

Германскиот кошаркарски репрезентативец Денис Шрудер потпиша со Сакраменто, кој ќе биде неговиот десетти НБА тим во кариерата.

Триесетиедно годишниот Шрудер минатата сезона, која ја помина во три различни НБА лигаши, имаше просек од 13,1 поени, 2,6 скокови и 5,4 асистенции.

Минатата сезона Шрудер ја почна во тренинг кампот на Бруклин, од каде во декември премина во Голден Стејт за неколку месеци подоцна да биде испратен во Детроит каде што германскиот плејмејкер му помогна на младиот состав да стигне до плејофот.

Во неговата 12-годишна НБА кариера, Денис Шрудер играше и за Атланта, Оклахома, Бостон, Хјустон, Торонто и Лос Анџелес Лејкерс (двапати).