Џонатан Дејвид се сели во Јувентус – договорот е постигнат

Јувентус е на чекор да го ангажира канадскиот напаѓач Џонатан Дејвид како слободен агент, откако постигна усен договор со фудбалерот. Дејвид, кој има 25 години и чии договор со Лил штотуку истече, ги прифатил сите лични услови што му ги понуди италијанскиот клуб, вклучително и годишна плата од 6 милиони евра плус бонуси.
Овој потег претставува клучен момент во летната трансфер-стратегија на Јувентус. По неколкунеделни преговори, клубот го идентификуваше Дејвид како приоритетно засилување за офанзивниот дел од тимот. И покрај интересот од други клубови, Јувентус дејствуваше брзо и решително за да го обезбеди неговиот потпис.
Со договорени лични услови, останува уште да се решат деталите околу хонорарите за агентите на играчот. Јувентус веќе има закажано дополнителни средби за да се надминат последните пречки, бидејќи надоместокот за агентите беше главна точка на несогласување.
Клубот се надева дека наскоро ќе биде сè финализирано – вклучувајќи ги и медицинските прегледи и потпишувањето на договорот – за Дејвид официјално да биде претставен како ново засилување.