Вардарци потпишаа со Нигериецот Олаесебикан

Вардарци продолжуваат со креирање на ростерот за новата сезона, а најново име во тимот е нигерискиот офанзивец Ибрахим Олаосебикан, кој во Вардар доаѓа од редовите на Брера.
25-годишниот фудбалер за врска веќе две сезони е дел од македонскиот фудбалски шампионат, а во последната сезона забележа 28 настапи, еден постигнат гол и четири асистенции во првенството. Покрај тоа, одигра и пет меча во Купот на Македонија, каде што успеа уште еднаш да се запише меѓу стрелците.
Олаосебикан претходно настапуваше и во Литванија, носејќи ги дресовите на Судува и Хегелман, додека своите први фудбалски чекори ги направи во татковината, во клубот Реал Сафире.