Колумбиецот Дуран го засили Фенербахче

Фенербахче го договори првото засилување во нападот Џон Дуран пристигнува од Ал Наср на едногодишна позајмица.

„Жолто-сините“ целосно ќе ја покријат платата на колумбискиот напаѓач, кој минатата сезона постигна 12 гола на 18 натпревари за тимот од Саудиска Арабија. Со оваа зделка, Жозе Мурињо почнува да го склопува составот со кој ќе атакува на шампионската титула во Турција.

Дуран претходно настапуваше и за Астон Вила, Чикаго и Енвигадо. Во јануари оваа година договорот на Дуран беше откупен од страна на Ал Наср за огромни 77 милиони евра.