Бетис загриза за Албанецот Арслани

Фудбалерот на Интер, Кристијан Арслани , влегол во преговори со шпанскиот, Бетис, велат последните информации од Италија.
Според „Калчомеркато“, екипата од Серија „А“ бара најмалку 20 милиони евра за потписот на 23-годишниот играч од средниот ред.
Арслани во две сезони во екипата од Милано не успеа да се наметне за првиот состав.