Дарко Глишиќ нов фудбалер на Македонија ЃП

Повратникот во македонската Прва лига, Македонија Ѓорче Петров, денеска официјално го претстави своето ново засилување за претстојната сезона, искусниот Дарко Глишиќ.
Глишиќ пристигнува од редовите на Гостивар и се очекува да придонесе за зацврстување на последната линија на тимот од Скопје, во настојувањата клубот да се стабилизира по враќањето во елитата.
Искусниот стопер зад себе има богата кариера, а покрај Гостивар, настапуваше и за Вардар, кипарската Докса, бугарскиот Септември Софија, грузиски Динамо Тбилиси и неколку други клубови.