Македонија скокна пет места на ФИФА листата

Фудбалската репрезентација на Македонија со победа и реми го одбележа јунскиот УЕФА прозорец, а тоа ни донесе скок на најновата ФИФА-листа за пет места.

Нашиот национален тим одигра дома со Белгија (1-1) и победи на гости кај Казахстан (1-0). Овие резултати донесоа напредок за пет позиции на рангирањето во ФИФА светската ранг-листа, па Македонија сега се наоѓа на 62-тата позиција.Од репрезентациите кои се со нас во групата од јвалификациите, Белгија е 8-ма, Велс е на 31 место, додека Казахтстан е 114-ти и Лихтенштајн 204-то место.

Помеѓу најдобрите пет селекции нема промени, Аргентина, Шпанија, Франција, Англија и Бразил ја сочинувата првата петорка. Шеста е Португалија која ја прескокна Холандија, осма е Белгија, а деветтото место ѝ припаѓа на Германија, која е пред Хрватска.