ЕМОФ се пофали со одлична гледаност и перфектна организација

ЕМОФ Скопје 2025 е еден од најуспешно организираните во историјата на Европскиот младински олимписки фестивал – со рекорден број од 15 спортски дисциплини во кои учествуваат преку 4000 спортисти, врвна организација и еуфорична спортска атмосфера, за која придоенсуваат и околу 700 волонтери.
Фестивалот започна на спектакуларен начин, со соборување на еден светски рекорд во скок со стап и два европски рекорди (женската трка на 100 м и во стрелаштво). Дополнително, ЕМОФ Скопје 2025 бележи и рекордна медиумска покриеност и онлајн внимание.
Над 500.000 гледачи за само три дена ги следеле натпреварите преку веб-страницата „еoctf.org“, воедно се остварени повеќе од 11 милиони импресии на социјалните мрежи а официјалната химна – „Together we Shine“ достигна 100.000 прегледи на „YouTube“ – најмногу досега од сите официјалните химни на ЕМОФ изданијата.