Французинот Лемар бесплатно го напушта Атлетико

Атлетико Мадрид му бара нов клуб за Томас Лемар, фудбалерот може беспари да замине, но во овој момент никој не пројавува сериозен интерес.
Атлетико Мадрид летото во 2018 го купи Томас Лемар за 70 милиони евра, но Французинот никогаш не се наметна посериозно, имаше и доста проблеми со повреди.
Тој не е дел од плановите на Диего Симеоне, па популарните „колчонероси“ се обидуваат да му најдат нов клуб.
Неговата цена е 0 евра, но и покрај тоа што може беспари да замине, никој не пројавува сериозен интерес.
Монако се посочуваше како една опција, но преговорите не прогресираа. Лион исто така беше споменат како можна дестинација, но големата плата на фудбалерот преставува проблем, па и ова ништо не испадна.