Одредени термините за Суперкупот на Македонија во кошарка

На 28 септември, во Скопје, во Суперкупот „Драган Василов-Цевка“ ќе учествуваат четирите најдобри клубови (во двете конкуренции) од ланската натпреварувачка сезона.

Традиционално, по петти пат, сезоната во македонската клупска кошарка ќе биде отворена со натпреварите од Суперкупот на Македонија. На 28. септември, во Скопје, во Суперкупот „Драган Василов-Цевка“ ќе учествуваат четирите најдобри клубови (во двете конкуренции) од ланската натпреварувачка сезона.

Програмата во СРЦ „Кале“ ќе стартува од 17 часот, со натпреварот во женска конкуренција, во кој ќе се сретнат шампионот, екипата на Баскет Кам 2011 од Македонска Каменица, и „предивикувачот“, екипата на Вардар, која е носител на титулата во Купот на Македонија.

Нешто подоцна, од 19:30 часот, во битка за трофејот во ова натпреварување, ќе играат МЗТ Скопје Аеродром, кој ги брани пехарите освоени во ланската сезона, и гевгелиски Кожув, екипата која во минатата натпреварувачка сезона стигна до финалниот натпревар од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“.