Победа на селекцијата до 15 години против Косово

Македонската репрезентација до 15 години славеше победа од 1-0 против Косово на контролниот меч одигран во Приштина.

Јован Јанчевски во 15. минута го постигна голот за победа на Македонија. Селекцијата предводена од Горан Станковски сосема заслужено се радуваше на победа. Во текот на мечот имавме неколку прилики и за поубедлив резултат, но не ги искористивме.

Во првото полувреме, Таири и Аврамовски имаа свои неискористени шанси, а голот го постигнавме откако Стојановски упати центаршут, а Јанчевски одлично реализираше.

Во продолжението, Стојановски имаше 100% шанса по соло акција, но поуспешен беше домашниот голман. Алију, Христов и Петков, исто така, се најдоа во прилики, но шутираа покрај голот. Ударот на Таири го одбрани голманот на Косово.