Кејн сруши историски рекорд на Халанд и Роналдо

Баерн Минхен вечерва убедливо го совлада Вердер со 4-0 во Бундеслигата, а натпреварот ќе остане во посебно сеќавање за Хари Кејн. Англискиот голгетер постигна два погодоци со кои не само што ја продолжи својата голгетерска серија и стигна до бројката од 15 голови сезонава во сите натпреварувања, туку и испиша историја

Со овие два гола Кејн стана фудбалерот кој најбрзо стигнал до 100 голови за еден европски клуб. За ова големо достигнување му беа потребни 104 настапи во дресот на Баерн.

На тој начин зад себе ги остави Роналдо и Халанд, кои до „стотката“ стигнаа со по 105 натпревари, а зад нив остануваат Луис Суарез со 120 натпревари за Барселона и Златан Ибрахимовиќ со 124 настапи за ПСЖ