Палмер го чека неколкунеделна пауза, Мареска во големи проблеми

Тренерот на Челси, Енцо Мареска, ги даде најновите информации за повредата на Кол Палмер пред утрешниот натпревар во Премиер лигата против Брајтон.
На прес-конференцијата пред натпреварот, Мареска откри дека клубот одлучил привремено да го поштеди еден од клучните играчи за да се спречи влошување на неговата здравствена состојба.
„Одлучивме малку да го заштитиме Кол за да не се влоши неговата повреда. Мораме да бидеме претпазливи со него. Не мислам дека е потребна операција. Тоа е прашање на управување со болката, а со ваков ритам на натпревари такви работи можат да се случат,“ додаде тренерот на Сините.
Палмер од почетокот на сезоната е еден од најважните играчи на Челси, а неговото привремено отсуство претставува значителен удар за тимот на Стемфорд Бриџ.
Неговото отсуство ќе се почувствува особено пред серијата тешки натпревари во Премиер лигата.