Румениге: Честитки за Штутгарт што најдоа идиоти кои ќе платат богатство за Валтемаде

Членот на Надзорниот одбор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге, ги нарече шефовите на Њукасл идиоти откако се согласија да платат 85 милиони евра за да го доведат Ник Валтемаде од Штутгарт.
Баерн се обиде да го доведе Волтемаде неколку пати ова лето и испрати неколку понуди, последната од околу 60.000.000 евра, но Штутгарт одби да го продаде својот играч за помалку од 75.000.000 евра.
Кога се чинеше дека 23-годишниот фудбалер ќе остане во Германија, Њукасл се согласи да плати 85.000.000 евра и бонуси.
„Можам само да му честитам на Штутгарт што најде, така да се каже, идиот кој би платил толку многу пари, бидејќи ние сигурно немаше да го сториме тоа. Реков: „Дојдовме до точка каде што тоа повеќе не е прифатливо. Не треба да ги исполнуваме сите нивни барања“, изјави Румениге за германските медиуми, како што објави фудбалскиот портал „Гол“.
Тој додаде дека трансферот покажал колку далеку стигнала Премиер лигата финансиски, оставајќи ги клубовите од Бундеслигата немоќни да се справат со нивната потрошувачка моќ.
Легендата на германскиот фудбал ги обвини играчите и нивните менаџери за воведување промена во динамиката на трансфери.
„Играчите и нивните агенти мора да бидат внимателни да не паднат во сопствената стапица. Парите мора да дојдат од некаде, а тоа доаѓа од проширување на натпреварувањата или започнување нови“, рече Румениге.
Баерн понуди 100.000.000 евра за напаѓачот на Баер, Флоријан Вирц ова лето, но клубот од Леверкузен ја отфрли понудата и прифати 125.000.000 евра од Ливерпул, рекорден трансфер во британскиот фудбал.
Румениге рече дека овие трансфери покажуваат дека клубовите во сопственост на милијардери или држави го нарушуваат пазарот и изјави дека фудбалот не смее да биде единствената индустрија во светот што губи пари.
Тој рече дека е загрижен за Бундеслигата и дека клубовите и играчите треба да разговараат пред да биде предоцна.