Договор со клаузула од 500 милиони евра за новата ѕвезда на Барса

Барселона ја обезбеди иднината на еден од најголемите таленти од Ла Масиа, Марк Бернал, потпишувајќи нов договор до јуни 2029 година. Впечатливата откупна клаузула од 500 милиони евра е јасен сигнал за вербата што клубот ја има во младиот играч од средниот ред. 

Договорот доаѓа во важен момент за Бернал, кој претрпе сериозна повреда на лигаментите во август 2024 година. По повеќе од една година рехабилитација, тој се врати на теренот овај месец и веќе има позитивно влијание во тимот, иако тренерите внимателно го враќаат во ритам. 

Во клубот го гледаат како природен наследник на Серхио Бускетс, со верување дека неговиот врвен потенцијал допрва ќе се покаже. Очекувањата се високи, а со враќањето на самодовербата и кондицијата, Бернал е подготвен за поголема улога во тимот. 

Новиот договор е исполнување на сон за Бернал, кој изрази големо задоволство и желба да продолжи да освојува трофеи со Барселона. Со поглед кон иднина полна со успеси, неговата амбиција е јасна, да остави длабока трага во дресот на Барса.