Хојлунд е најновиот „флоп“ од Манчестер Јунајтед што го докажува спротивното

Расмус Хојлунд не губи време за да ги замолчи критичарите. Откако летово пристигна во Наполи, данскиот напаѓач ја пронајде својата форма и брзо се етаблираше како клучен играч во нападот. 

Оваа недела, 22-годишникот го постигна својот 4 гол во последните 6 натпревари: 2 во Серија А и 2 во Лигата на Шампионите. Неговиот настап против Спортинг во ЛШ му донесе и признание за најдобар играч на натпреварот, што само го потврдува неговото влијание на најголемата сцена. 

Враќањето во форма на Хојлунд е дел од една поширока слика: играчите кои не се снајдоа во Манчестер Јунајтед, често цветаат откако ќе го напуштат клубот: Рашфорд, Еланга, па сега и Хојлунд. списокот на така наречени „флопови“ кои се покажуваат како врвни играчи во други средини сè повеќе расте. Ова отвора сериозни прашања за тоа што не функционира во системот на Јунајтед. 

Но за Наполи, дилеми нема. Хојлунд со својата енергија, движење и прецизност донесе нова димензија во нападот, освојувајќи ги навивачите. Како што клубот ги продолжува своите амбиции дома и во Европа, формата на Хојлунд сугерира дека ова е само почеток на нешто поголемо.