Чаир преслушан, Пелистер го запоседна врвот на табелата

Во првиот натпревар од второто коло на Супер лигата, кошаркарите на Пелистер имаа една одличнаа четвртина, третата, беше доволна за победа над на Чаир.

За „зелено-белите“ ова е втора победа во сезоната, за уште подобро расположение пред европските обврски во ФИБА Евро купот.

По убедливиот триумф над Работнички со 40, вечерва Пелистер славеше над Чаир со 30 разлика 104:74.

Малешевиќ беше прв стрелец во победничката екипа со 23. поени, а имаше и осум скока и шест асистенции. Митревски заврши со 15.поени, Л. Вилсон дојде до 13, Си-Џеј Вилсон и Крстевски додадоа по 12, а Дејвис имаше 11,.

Во гостинската, Билингсли застана на бројката од 27.поени, на кои придодаде и 11. скока. Четмен финишираше со 12, а Бетсон и Рушити имаа по 11.