Синер нема да игра за Италија во Дејвис Купот

Италијанскиот тенисер Јаник Синер нема да настапи за својата држава на завршницата од Дејвис купот. Италијанскиот тим ќе го предводи осмиот тенисер на светот Лоренцо Мусети, а Синер (втор на АТП листата) нема да игра.

Италија е актуелен освојувач на ова натпреварување, а отсуството на Синер е голем хендикеп за оваа репрезентација.

За разлика од Синер, најдобриот светски тенисе Карлос Алкараз ќе ја предводи Шпанија, а и третиот на АТП листата Александар Зверев ќе биде дел од германскиот тим.

На завршницата на Дејвис купот ќе настапат осум репрезентации, а двојките во четвртфиналето се: Франција – Белгија, Италија – Австрија, Шпанија – Чешка и Аргентина – Германија.