Ѓорческа ја надигра четвртата носителка на ВТА Челинџерот во Реверето

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа продолжува со успешните настапи на турнирите. Таа вечерва во првото коло на ВТА Челинџер турнирот во италијанскиот град Роверето ја елиминираше домашната тенисерка четвртата носителка Нуриа Бранкачо. Таа оствари победа од 2-0 во сетови (6-4 и 6-3) за 76 минути игра.
Во првиот сет македонската тенисерка прва направи брејк и поведе со 4-2 во гемови, но ривалката го врати загубениот гем на својот сервис и намали на 4-3. Сепак во десетиот гем Ѓорческа направи уште еден брејк за 6-4 и водство од 1-0 во сетови. Во вториот сет македонската тенисерка со два брејка стигна до водство од 5-1, а Бранкачо успеа само да намали и сетот Ѓорческа го заврши со 6-3.
Во второто коло Ѓорческа ќе игра против Алиона Болсова Задоинов од Шпанија, која со 2-0 во сетови ја победи сонародничката Ангела Фита Болуда.