Голем проблем за Обрадовиќ, се повреди Карлик Џонс

Партизан синоќа во АБА лигата го победи ФМП, по едно продолжение, со 109-103. Во фнишот на натпреварот се повреди плејмејкерот Карлик Џонс.

Плејмејкерот на Партизан, ќе паузира три месеци, пишува „Моцартспорт“.

Џонс веднаш по натпреварот бил однесен на медицински тестови. Снимката покажала дека има скршеница на петтата метатарзална коска и дека американскиот кошаркар го чека подолга пауза.

Ова значи дека Џонс заврши со играње кошарка за оваа година. Проблемот е уште поголем бидејќи од претходно е повреден и Шејк Милтон, за кого не е познато кога ќе се врати во тимот.