Камавинга не сака повеќе да игра како лев бек

Играчот на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга, даде до знаење дека не сака и под Чаби Алонсо да игра како лев бек. Карло Анчелоти го користеше на оваа позиција кога беше потребно, но Французинот не беше среќен таму.

„Најважно е да му помагам на тимот, но има моменти кога треба да знаеш како да правиш различни работи. Мора да можеш да му помагаш на тимот максимално, и ако понекогаш е потребно да играш на други позиции, тоа е нормално. Но на долги патеки – не. Тимот секогаш е најважен. Ќе ми го поставите прашањето за левиот бек? Не, лев бек – не. Во центарот на теренот – да”, објасни Камавинга.

Против Хетафе, за време на викендот, левичарот беше стартер во двојка заедно со Орелиан Чуамени во схема 4-2-3-1, а пред нив делуваше Џуд Белингам.