Шефилд Венсдеј пред финаниски колапс, дедуцирани 12 поени во Чемпионшипот

Hillsborough stadium Sheffield Wednesday

Шефилд Венсдеј официјално поднесе апликација за администрација, што веднаш активираше автоматска казна од 12 поени од страна на ЕФЛ. Тоа значи дека клубот, кој веќе беше на дното на Чемпионшипот, сега се наоѓа со минус шест поени, со очигледна загуба на шанси за опстанок.

Финансиските проблеми на клубот се години во најава. Одделни извештаи покажуваат дека клубот имаше доцнење со исплата на плати во пет од последните шест месеци, а долгот кон сопственикот достигнува околу 115 милиони фунти. Во исто време, се споменува и виндирање од „HM Revenue & Customs“ поради неплатени даноци од милиони фунти.

Времето на сопственикот Дејфон Чансири, кој го управуваше клубот речиси една деценија, практично заврши. Тој беше под жестока критика поради влошената финансиска состојба на клубот, и сега голем дел од навивачите бараат промена на власт и спас за клубот. Клубот веќе беше казнуван од ЕФЛ за неколкупати прекршување на финансиските правила.

Навивачите, познати по својата лојалност и традиција, изразија незадоволство на повеќе начини, од бојкотирање натпревари до протести на и надвор од стадионот. Сега го гледаат нивниот клуб во најтешка фаза, со огромна неизвесност што следи.

И покрај сите тековни проблеми, не може да се заборави дека Шефилд Венсдеј е еден од најисториските клубови во англискиот фудбал. Клубот има 4 титули во англиското првенство, 3 трофеи во ФА Купот и 1 победа во Лига Купот.

Иако често се занемарува во разговорите за традиционалните „големи“ клубови, Венсдеј има оставено длабока трага во фудбалската историја. Од легендарните натпревари на Хилсбру до генерации кои го носеле дресот со гордост, клубот отсекогаш бил симбол на работничкиот дух на Шефилд и автентичната фудбалска култура на Северна Англија.

Со минус шест поени и финансискиот балон што е пред пукање, шансите за опстанок во Чемпионшипот се минимални. Иднината на клубот ќе зависи од брза продажба, стабилизирање на финансии и стратегија за реорганизација. За да не се повтори сценариото со други клубови кои не успеаја да излезат од ваков кризен амбиент.