Пораз на македонските фудбалерки од Русија

Македонската женска фудбалска репрезентација загуби денеска од Русија со 2-0 во првиот од двата контролни натпревари кои двете селекции ќе ги одиграат во Струмица.

Русија дојде во водство на стадионот „Младост“ во 10 минута со голот на Полина Јукљаева, а конечниот резултат го постави Азалија Залмиева во судиското продолжение.

Претходно денеска, на стадионот „Кукуш“ во Турново контролен натпревар одиграа и женските репрезентации на двете земји до 19 години, што заврши со победа на Русија од 2-1.

Вториот натпревар меѓу македонската и руската репрезентација е закажан за 27 ноември, а истиот ден во Турново по втор пат ќе се сретнат и селекциите до 19 години.

На 4. ноември во Нион, македонската женска репрезентација ќе ги дознае противничките селекции во групата од новите квалификации за пласман на Европско првенство.