Тудор доби отказ, Јуве во потрага по нов тренер

Италијанскиот фудбалски прволигаш Јувентус го раскина денеска договорот со тренерот Игор Тудор, ден по поразот од Лацио со 0-1 во рамки на 8. коло во Серија А.
До назначување на нов шеф на стручниот штаб, тимот привремено ќе го води тренерот на вториот тим, Масимо Брамбиља.
„Клубот му се заблагодарува на Игор Тудор и на целиот негов персонал за професионализмот и посветеноста што ги покажаа во изминатите месеци и им посакува многу успех во продолжувањето на нивните професионални кариери“, објави попладнево Јувентус.
Јувентус под водството на Хрватот Тудор не постигна гол на последните четири натпревари и е без победа на осум официјални натпревари.
Тудор го презеде Јувентус во март 2025 година по заминувањето на Тијаго Мота.