Карвахал пак се повреди, се враќа дури догодина

Еден ден по Ел Класико стигнаа лоши вести за Реал Мадрид, а особено за капитенот Дани Карвахал. По направените детални прегледи е утврдено присуство на парче коска во зглобот на неговото десно колено, што наложува оперативен зафат.
Шпанските медиуми пренесуваат дека опоравувањето ќе трае меѓу два и три месеци, што значи дека Карвахал нема да настапи до крајот на календарската година. Дополнителен проблем за Чаби Алонсо претставува фактот што искусниот десен бек штотуку се врати по паузата од пет натпревари поради повреда на мускулот и неговиот настап против Барселона беше прв по еден месец.
Сега улогата на десната страна од одбраната ќе треба да ја преземе Трент Александер Арнолд, кој и самиот се уште ја бара својата најдобра форма по периодот надвор од терените.