Елшник го продолжи договорот со Црвена Звезда

Црвена Звезда ја информираше јавноста дека словенечкиот репрезентативец Тими Макс Елшник го продолжи договорот со клубот до 2028 година.

Дефанзивецот веднаш по потпишувањето на новиот договор ги сподели своите први импресии.

„Пресреќен сум што ќе бидам дел од Црвена звезда и во наредниот период, се надевам дека ме очекува уште многу победи и титули. Благодарен сум на луѓето во клубот кои ми укажаа доверба и ми понудија нов договор. Во Звезда се чувствувам како дома, моето семејство е среќно, се надевам дека така ќе биде и во иднина“, изјави Тими Макс Елшник.

Елшник пристигна на Маракана во летниот преоден рок во 2024 година. Од тогаш има одиграно 69 натпревари и постигнато осум голови. Со Црвена Звезда веќе успеа да ги освои шампионската титула и Купот на Србија. Сега следи нов предизвик, а клубот верува дека Елшник ќе продолжи да биде важен дел од тимот во напорите да се испишат нови успеси.