Селтик никако не може да пронајде менаџер, О’Нил останува привремено решение

Шкотскиот великан, фудбалскиот клуб Селтик сè уште нема менаџер. Тој го има в.д. менаџерот Мартин О’Нил, но раководството на шкотскиот шампион не може да најде постојан тренер, бидејќи досега тројца стручњаци ја одбиле нивната понуда.
Се очекуваше дека Ангелос Постекоглу ќе се врати на клупата откако беше отпуштен од Нотингем Форест, но Австралијанецот го одби поранешниот клуб со оправдување дека сакаат да одмори до крајот на сезоната.
Понудата потоа била испратена до Марк Ван Бомел, поранешниот тренер на ПСВ, Волфсбург и Антверпен. Поранешниот холандски ас има други планови, па затоа категорично ја одбил понудата од Глазгов.
Британскиот јавен сервис „Би-Би-Си“ истакнува дека и Крег Белами ја одбил понудата. Селекторот на Велс е посветен на квалификациите за Светското првенство и не сака да го преземе клубот бидејќи се надева дека „змејовите“, во март наредната година ќе играат во плејофот за пласман на Мундијалот.