ФК Пелистер ги прекина сите институционални односи со ФК Вардар

Раководството на ФК Пелистер преку соопштение информира дека ги прекинува сите институционални односи со ФК Вардар.
Битолчани објавија дека во иднина нема да примаат гостински навивачи откако вчера вардаровите – „комити“ скршиле неколку столчиња на трибината на стадионот – „Петар Милошевски“.
„Зелено-белите“ дополнително наведуваат дека поради некоректни изјави и постови на највисокото раководство на Вардар, ќе ја прекинат целата комуникацијата со скопскиот тим.