ФИФА ги објави финалистите за „The Best“ 2025

Frontview of FIFA "The Best" award

ФИФА го објави конечниот список на 11 кандидати за наградата „The Best“ за најдобар фудбалер во светот за 2025 година, со што започнува финалната фаза на едно од најпрестижните индивидуални признанија во фудбалот.

Во конкуренција се Усман Дембеле, Ашраф Хакими, Хари Кејн, Килијан Мбапе, Нуно Мендеш, Кол Палмер, Педри, Рафиња, Мохамед Салах, Витиња и Ламин Јамал. Ѕвезди кои ја обележаа изминатата сезона во најсилните европски клубови како.

Наградата ги опфаќа настапите од 11 август 2024 до 2 август 2025 година, оценувајќи го придонесот на фудбалерите во домашните и меѓународните натпреварувања.

Од нејзиното воведување во 2016 година, наградата „The Best“ речиси се издигна до ниво на престиж што го дели со Златната топка. Меѓу досегашните победници се Кристијано Роналдо (2016, 2017), Лука Модрич (2018), Лионел Меси (2019, 2022, 2023), Роберт Левандовски (2020, 2021) и Винисиус Жуниор (2024).
Меси останува рекордер со три освоени титули, стандарден пример за величина кој новите генерации на фудбалери се обидуваат да го достигнат.

Според повеќето аналитичари, Усман Дембеле е главен фаворит за овогодинешната награда, особено имајќи во предвид дека е победникот на Златната топка. Францускиот напаѓач на ПСЖ имаше неверојатна сезона. 37 голови и 15 асистенции, со што го предводеше клубот до првата титула во Лигата на шампионите и двојна круна во домашното првенство.

Зад него во трката се Рафиња, Мохамед Салах и младата сензација Ламин Јамал.

Гласањето е отворено за навивачите ширум светот преку официјалната платформа на ФИФА, а победникот ќе биде објавен на свечената церемонија подоцна годинава.