Ливерпул започна преговори за нов договор со Собослај

Dominik Szoboszlai clapping while playing for Liverpool

Ливерпул ги започна првичните разговори со Доминк Собослај за нов, долгорочен договор, поради неговите извонредни настапи оваа сезона. Унгарскиот ас е меѓу клучните играчи во тимот на Арне Слот и се наметна како еден од најконзистентните фудбалери во клубот, и покрај катастрофалната форма на тимот.

Иако преговорите се сè уште во рана фаза, постои позитивен напредок меѓу клубот и претставниците на Собослај. Ливерпул сака да го задржи играчот долгорочно со подобрени услови и продолжување на сегашниот договор, кој важи до 2028 година.

Заедно со Рајан Гравенберх, Собослај се смета за централен дел од иднината на клубот. Ливерпул сака да избегне евентуални интереси од други европски гиганти и да го награди неговото влијание, лидерство и техничка зрелост.

Собослај оваа сезона ја има одиграно секоја минута во Премиер лигата и Лигата на шампионите, има постигнато 2 гола и запишано 5 асистенции. Неговата постојаност и високо ниво на игра ја зајакнаа решеноста на клубот што поскоро да го финализира новиот договор. Потврда дека Унгарецот е еден од највредните адути на Ливерпул оваа сезона.