Чурлинов: Македонија секогаш оди на победа

Фудбалската репрезентација на Македонија утре од 18:00 часот на Националната Арена “Тодор Проески” ја пречекува Летонија во пријателски натпревар. Тоа ќе биде и последниот тест пред квалификацискиот меч со Велс во Кардиф.

Репрезентативецот Дарко Чурлинов вели дека атмосферата во националниот тим е одлична и очекува квалитетно издание против Летонците.

„Среќни сме што повторно сме заедно, за нас секој натпревар е важен и сигурно дека ќе дадеме се од себе да ги оствариме нашите цели. Македонија оди на победа на секој натпревар, така ќе биде и против Летонија. Потоа ќе го насочиме нашиот фокус кон квалификацискиот натпревар против Велс кој секако има друга тежина”, изјави Чурлинов.

За утрешниот натпревар против Летонија, надвор од комбинација за настап поради повреди се Јани Атанасов и Висар Муслиу.