Флорентино најавува заминување од Реал Мадрид?

Легендарниот претседател на Реал Мадрид Флорентино Перез одлучил да се повлече од функцијата пред истекот на мандатот.

Според новинарот Пепе Алваресз, Перез планира да си замине во 2026 година, две години пред крајот на актуелниот мандат, со желба транзицијата во клубот да биде уредна и испланирана.

Перес за првпат стана претседател на Реал во 2000 година, а првата ера траеше до 2006. Вториот мандат започна во 2009 и трае до ден денешен.

Во неговото време фудбалскиот клуб седум пати стана првак на Европа, a вкупно има 37 трофеи на функцијата во Реал.