Мурињо: Да можев ќе извршев девет замени на полувреме

Бенфика со 2-0 го победи третолигашот Атлетико во меч од Купот на Португалија, но триумфот дојде потешко од очекувањето.
Двата гола беа постигнати во второто полувреме, а Мурињо по мечот го искажа својот револт кон играчите.
„На полувремето направив четири измени, но требаше да направам девет. Тие девет фудбалери не беа на теренот. Само двајца требаше да останат. Дали системот работи? Системот работи, фудбалерите не работат. Не сакам фудбалери кои ме предаваат“, рече Мурињо.